Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобрите двајца светски тенисери во моментов, Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ ќе одиграат уште еден меѓусебен дуел, овојпат во финалето на Мастерсот во Синсинати.
Ѓоковиќ денеска лесно излезе на крај со Хуан Мартин Дел Потро, победувајќи го Аргентинецот со 2:0 во сетови, со што му врати за поразот на олимписките игри.
Дел Потро кој освои пет гејма на мечот подоцна изјави дека го одиграл дуелот од респект кон противникот иако сакал да го предаде мечот поради повредата на рамото.
Федерер пак мораше да одигра малку подолг меч против својот сонародник Станислас Вавринка, но на крајот сепак триумфираше со 2:0 (7:6/6:3) и се избори за уште едно финале оваа година.
Со пласманот во финалето, Швајцарецот си го продолжи престојот на првото место на АТП ранкингот без разлика на утрешниот резултат.
Финалето ќе се одигра вечерва со почеток во 19 часот.