Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вкупниот награден фонд на годинашниот Ју-Ес Опен ќе изнесува рекордни 25,5 милиони долари, а победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по 1,9 милиони.
Сепак, најдобрите тенисери повеќе заработуваат надвор од терените, благодарение на богатите спонзорски договори.
Помладите ривали Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј сериозно го предизвикаа Рожер Федерер на теренот изминатите неколку години, но ниту еден од нив не може да му се приближи на Швајцарецот, кога се работи за заработката.
Федерер е најплатен тенисер во светот и во изминатите 12 месеци со заработка од 54,3 милиони долари.
Од таа сума, само девет милиони се награди од турнири, додека 45 милиони се од спонзори и реклами.
Меѓу другите, негови спонзори се „Кредит Свис“, „Жилет“, „Мерцедес-Бенц“, „Ролекс“ и „Најк“, од кои само последниот му плаќа по 10 милиони долари годишно.
Рафаел Надал е втор на листата на „Форбс“ со заработка од 32,4 милиони, пред Марија Шарапова (27,1), Новак Ѓоковиќ (19,8) и Ли На (18,4).