Федерер: Новак е мојот фаворит
28.08.2012 12:26
| KumanovoNews
Швајцарецот Роџер Федерер изјави дека Новак Ѓоковиќ го заслужува епитетот „фаворит“ на последниот Грен слем сезонава.
Федерер на стартот на US Open без проблем го победи Доналд Јанг со 6:3, 6:2, 6:4.
И понатаму мислам декa Новак е фаворит овде-изјави Федерер по првата победа во Њујорк.
Тој е бранител на титулата, освои повеќе титули од останатите играчи на тврда подлога минатата година, а исто така ме победи овде во последните две години-додаде Швајцарецот.
Федерер беше исклучително задоволен по победата во првото коло.
Мислам дека ова е добар старт во исклучителнo тешки услови- рече Федерер и додаде, Доналд е талентиран тенисер, никогаш претходно не сум играл против него и задоволен сум.

