Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четири екипи кои постигнале најдобри резултати на општинските натпревари во текот на годината учествуваат на Турнирот во мал фудбал за пехар на градоначалникот.
Полуфиналните натпревари се играат утре со почеток во 16 часот, а финалето е задутре во 19 часот во Спортската сала. Во игра се екипите “Корнер“, “Ајдучка Чешма“, “Чистота“ и КМФ“Биџо“ кој бележи успеси на државно ниво.
За прво, второ, трето место има пехари и дипломи, а победникот добива плус спортски дресови како награда.
Настанот го организира Општинскиот сојуз на спортови, под покровителство на градоначалникот Зоран Дамјановски и Советот на Општина Куманово.
Турнирот е дел од програмата за одбележување на “Ноемвриски денови“.