Гасол ќе го носи знамето на Шпанија на ЛОИ
Играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Пол Гасол ќе го носи знамето на Шпанија на отварањето на Олимписките игри во Лондон, откако тенисерот Рафаел Надал го откажа своето учество во Лондон поради повреда.

Надал, кој пред четири години го освои златниот медал во Пекинг, во четвртокот го откажа своето учество поради повреда.
Новиот знаменосец на Шпанија, Гасол, во Пекинг играше за националниот тим на Фуријата со која го освои сребрениот медал.
Шпанскиот Олимписки комитет ја донесе оваа одлука откако шампионите во едрење од Пекинг, Икер Мартинез и Чаби Фернандез соопштија дека сметаат дека честа да се носи националното знаме треба да му припадне на некој друг.