×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гечевски се збогува со репрезентацијата на Македонија

    17.08.2012 08:30 | KumanovoNews
    Тодор Гечевски, еден од најискусните македонски кошаркарски репрезентативци реши да се збогува со репрезентативниот дрес и местото да им го отстапи на помладите.

    Гечевски се збогува со репрезентацијата на Македонија

    Останува на помладите да продолжат по патот и да ги следат своите желби, за мене во Kаракас беше крајот на настапите во репрезентацијата- изјави Гечевски.

    Ветеранот во изминатите петнаесетина години беше незаменлив во македонскиот национален тим, но стави крај на репрезентативната кариера и сега се фокусира на клупските обврски во МЗТ Скопје, кој во идната сезона ќе настапува во АБА лигата.

    Жалам што едно лошо полувреме против Доминиканската Република ми го уништи сонот за крај со настап на Олимписките игри. Испуштивме убава можност да направиме историски успех. Ќе беше одлично како врв на мојата репрезентативна кариера да имав настап на Олимпијада-додава Гечевски.