Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Генералниот менаџер на Борусија Дортмунд Ханс Јоаким Вацке му честиташе на Баерн поради доведувањето на шпанскиот стручњак кој треба 3 сезони да седи на клупата на баварците.
Мислам дека тоа е вистинската работа. Тоа е знак дека во Бундеслигата се работи добро, кога тренерите се желни да дојдат кај нас. Сепак притисокот на Баерн нема да се намали, ќе се очекува најдобрите резултати - изјави Вацке.
„Трансферот“ на Гвардиола одекна како вистинска бомба низ медиумите, а денеска во медиумите излезе и веста дека тој потпишал со Баерн уште на 20.октомври.