×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гостинскиот терен „лизгав„ за кошаркарите на Куманово

    21.11.2012 11:51 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово, на гостувањето во Бар доживеаа катастрофален пораз од  домаќинот Морнар со резултат 92:71.

    Гостинскиот терен „лизгав„ за кошаркарите на Куманово

    Куманово на овој натпревар беше рамноправен противник само во првото полувреме, кога успеја да одржи резултатска рамнотежа, додека во продолжението целосно потфрлија и му дозволи на домаќинот да извојува висока победа. Овој натпревар и на дело докажа  дека кумановци немаат стабилен тим и оти поедини играчи играат добро само пред домашната публика. Ивица Димчевски  за 35 минути игра не постигна ниту еден кош (погоди само 2 слободни фрлања), а Александар Костоски за 20 минути игра постигна скромни 5 поени (1 тројка и 2 слободни фрлања).  

    Најефикасни кај Куманово беа Урош Луковиќ со 22 поени и 14 скока, Јанески со 17 поени и Младеновиќ со 11 поени. Кај домаќините Павиќ забележа 17 поени и Дамјановиќ 16. 

      Домаќините, над Куманово ја извојуваа првата победа во БИБЛ Лигата.

    Кошаркарите на Куманово шанса за поправен ќе бркаат веќе задутре во домашното првенство на гостувањето кај екипата на Работнички во Скопје.

    Т.Д.