Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Челниците на Милан, доцна навечер имале итен состанок на кој се расправала судбината на двата играчи на Милан, Силва и Ибрахимовиќ кои би требало да се преселат во ПСЖ.
Информациите од Апенинскиот полуостров говорат дека “росонерите“ се наоѓаат во финансиска криза, а по прекинот на преговорите со потенцијалните инвеститори од Блискиот исток, на Силвио Берлускони му станално јасно дека мора да продаде дел од своите најдобри фудбалери. Потпретседателот Галијани кој одбично ги отфрлаше ваквите шпекулации, овој пат одбил да даде коментар.
Италијанските медиуми тврдат дека доколку Милан ги продаде овие фудбалери, на нивно место би требало да пристигнат Карлос Тевез или Един Џеко.