Исланд - следен противник на Македонија
15.01.2013 10:39
| KumanovoNews
Македонија денеска игра против селекцијата на Исланд во рамките од третото коло на Светското првенство во Шпанија.

Одкако проминаа натпреварите со аутсајдерите во групата, од денеска македонските репрезентативци имаат вистински тест за квалитетот и можностите на нашата репрезентација.
За македонската спортска јавност веројатно нема поомразена репрезентација во кој било спорт од исландската во ракомет. Причината за тоа е добро позната: Исланд не оневозможи да настапиме на дури четири големи натпреварувања при што три пати беше подобар од нас во бараж, а еднаш во квалификациската група.