Иван Шмигиќ го засилува Куманово
11.07.2012 09:51
| KumanovoNews
Поранешниот ракометар на Вардар ПРО и Металург, Иван Ммигиќ ќе биде најголемото засилување за РК Куманово во новата сезона.

Србинот Шмигиќ кој има 33 години и игра на позицијата централен бек.
Се планираат уште неколку квалитетни засилувања, но имињата ќе бидат обелодените откако дефинитивно ќе бидат прецизирани деталите за нивен ангажман - велат од раководството на РК Куманово.
Иван Шмигиќ има настапувано во Металург, Црвена Ѕвезда, Романска Констанца и Раднички Крагујевац.