Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На стадионот „Сан Сиро“ синоќа пред околу 30 илјади навивачи Милан беше поразен од Јувентус со 3-2 во традициналниот трофеј Берлускони.
Миланезите први поведоа во деветата минута со голот на Робињо, но гостите од Торино со головите на Маркизио, Матри и Видал го свртеа резултатот во своја корист. Вториот гол за „росоњерите“ го постигна повторно Робињо од пенал во 77-та минута.
Во 22-то издание на трофејот Берлускони, Јувентус славеше по девети пат колку што има и клубот од Милано.