Мени

КК Куманово ја започнува новата сезона

06.02.2013 11:13 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово ја започнуваат новата сезона во петок. Како противник во Куманово доаѓа можеби нивниот најголем ривал на кумановчани, екипата на Лирија.

КК Куманово ја започнува новата сезона

Иако редовното коло се игра во сабота, овој натпревар е преместен ден порано, поради патот на екипата во Самоков каде ќе се сретнат против Рилски Спортист во рамките од БИБЛ лигата.

Во првиот натпревар оваа сезона Лирија беше поуспешна од Куманово со резултат 78-64.

Натпреварот во петок започнува во 19 часот.