Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово, вечерва во 18 часот гостува во салата Вијус и го игра решавачкиот натпревар против екипата на Ѓуро Ѓаковиќ.
Кошаркарите на Куманово вечерва го играат одлучувачкиот натпревар против екипата на Ѓуро Ѓаковиќ од кој зависи пласманот во следната фаза од БИБЛ лигата.
Откако вчера го одработија последниот тренинг во салата Вијус, Кумановчани се спремни вечерва да го одиграат натпреварот за пласман во следната фаза од регионалното натпреварување.
Нашите кошаркари вечерва можат да си дозволат и пораз до 15 поени негатива кој ќе биде доволен за остварување на целта, бидејќи во првиот меѓусебен натпревар оваа сезона го совлада противникот со резултат 83:67.
Куманово со скор од 4-3 е на третото место во групата А, кое е последно што води во следната рунда натпревари. Хрватскиот тим со 3-4 е четврти. На денешниот дуел кошаркарите на Куманово ќе ги бранат високите плус 16 поени разлика од првиот натпревар. Во случај на победа на Ѓуро Ѓаковиќ над овие 16 поени, Куманово ќе испадне, а понатаму ќе оди хрватскиот претставник. Најновото засилување на Куманово, Американецот Ли Инграм (196 см, 24 години), се очекува на овој натпревар да дебитира.
Подготвени и мотивирани влегуваме во денешниот одлучувачки натпревар. Свесни сме за значењето на овој меч и за одговорноста пред која се наоѓаме. Добрата атмосфера во екипата и нашето најново засилување Инграм ни даваат за право да се надеваме на успех - изјави Младен Давидовиќ, спортски директор на КК Куманово.