Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм изборија пласман во финалето на плејофот каде ќе ја бранат шампионската титула, откако во Кавадарци го совладаа Фени индустри со 84:77 и ја решија полуфиналната серија со максимални 3-0.
Дејвис со 28, Гечевски со 20 поени и 10 скокови и Дамјан Стојановски со 17 поени го предводеа МЗТ до победата. Трајковски со 18 и Соколов со 17 поени беа најефикасните играчи во тимот од Кавадарци.
Работнички во серијата со Кожув го намали резултатот на 1:2, откако на домашен терен забележа победа со 95:87.
Екипата од Градски Парк прашањето на победникот го реши со фуриозната прва четвртина која ја доби со 31:12. Шарпер постигна 20, а Зивчевиќ 16 поени за Работнички, додека кај Кожув се истакнаа Караџовски со 16 и Филиповиќ со 15 поени.