×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарките имаа успешен старт на ЕП

    11.07.2012 12:48 | KumanovoNews

    Македонската женска кошаркарска репрезентација се избори за победа над Гибралтар. 83-36  е резултатот со кој тие ги стартуваа настапите на Европското првенство за мали земји, што се одржува во земјава.

    Кошаркарките имаа успешен старт на ЕП

    „Црвено-жолтите“ ја оправдаа улогата на фаворит. Најефикасна со 15 поени беше Гавриловска. Тантуровска постигна 14, а Раденковиќ 12 коша. Во вториот натпревар од нашата група, Австрија со 72-30 го декласира Велс.

    Уште од самиот почеток на мечот, нашите кошаркарки покажаа дека се многу поквалитетни од противникот. По само три минути игра, преку неколку поени во серија на Раденковиќ, Тантуровска и Гавриловска, Македонија поведе со 15 - 0. Со цврста одбрана и брзи контри, избраничките на Лидија Милкова продолжија да го полнат кошот на противникот, a првата четвртина заврши со резултат 39-9.

    Утре од 21.00 часот во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, Македонија ќе се сретне со Австрија, а пред тој меч, се игра и другиот дуел од групата Б во кој силите ќе ги одмерат Велс и Гибралтар.