Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женската сениорска репрезентација на Македонија се пласира во финалето на Европското првенство за мали земји во Охрид, по сигурната победа 80-61 над Шкотска.
Противникот резултатската неизвесност ја одржуваше во првата четвртина (23-22), но до полувремето „црвено-жолтите“ стигнаа до двоцифрена предност (48-31), која ја одржаа до крајот.
Моника Гавриловска со 17 поени и 12 скокови и Едина Муса со 12 коша и 11 скокови имаа дабл-дабл учинок. Одличен натпревар одиграа и Славица Димовска со 18 поени и шест асистенции и Ана Тантуровска со 16 коша.
Знаевме дека не очекува тежок дуел. На почетокот од средбата големата мотивираност не натера да правиме избрзани потези, но потоа ја презедовме играта во свои раце и направивме солидна разлика. Одигравме уште еден борбен меч и мислам дека заслужено победивме – изјави Димовска.
Финалето се игра денеска во 19 часот во саката „Билјанини извори“ во Охрид. Противник на Македонија ќе и биде селекцијата на Австрија.