Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тодор Гечевски ќе игра на Kупина - куп во Ниш, а Kирил Николовски пропушта најмалку три кола од АБА-лигата
Тодор Гечевски почна да тренира и ќе биде дел од составот на МЗТ Скопје Аеродром на кошаркарскиот турнир Kупина-куп, кој ќе се игра утре и задутре во Ниш.
Најефикасниот кошаркар во домашното првенство за минатата сезона го повреди зглобот на раката за време на инцидентот поради кој беше прекинат мечот МЗТ – Черкаски мавпи.
Повредениот Kирил Николовски од понеделник ќе почне со полесно трчање и сигурно ќе ги пропушти првите три средби на македонскиот шампион во Јадранската лига, а за четвртото коло, кое се игра на 13 октомври, крилниот центар е неизвесен. На хуманитарниот турнир во Ниш ќе има и забава за публиката, а планирани се и натпревари во забивање и шутирање тројки.