Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Школа за кошарка БАЛ ФОР ЛАИФ организираше акција „BALL FOR LIFE - CARES“ во која се донираше гардероба за помош на социјално загрозените дечиња кои седат во интернатот во Драгоманце.
Имавме прекрасен прием од страна на директорката на училиштето Стојанка Спасовска и професорите. Беше организирана и средба со дел од учениците на кои им беа пренесени пораките кои им ги испратија нивните врсници - изјави координаторот на Бал фор лаиф Дарко Петковски.
Во акцијата учествуваа сите членови од БАЛ ФОР ЛАИФ, која траеше 10 дена. Акцијата заврши со посета на училиштето и средба со учениците.
Нашата соработка продолжува. Наша следна цел е донирање на спортска опрема, и организрање на турнир. Исто така со задоволство ја прифаќаме поканата да присуствуваме на една интересна спортска манифестација во месец Април. Посебна благодарност до Црвениот крст - Куманово кои ја овозможија оваа соработка - додаде Петковски.
После предавањето на собраните средства, учениците заедно со тренерот одржаа мини тренинг на игралиштето во училиштето.