Куманово домаќин на пинг - понг турнир
09.11.2012 14:10
| KumanovoNews
Меѓународен турнир во пинг - понг “11 Ноември 2012“ викендов се оддржува во Куманово.

Натпреварите ќе се играат в сабота и недела во Спортската сала на Гимназијата “Гоце Делчев“. Освен домашни екипи, учествуваат и гости од Србија и Бугарија.
И овој настан е дел од програмата за чествување на денот на ослободувањето на град Куманово.