Куманово ги доби противниците во БИБЛ лигата
14.09.2012 11:52
| KumanovoNews
Денеска беше извршена ждребката во која кошаркарите на Куманово ги добија своите противници во регионалната Еврохолд Балканска лига.

Левски од Софија, Морнар Бар од Црна Гора, Галил Гилбоа од Израел и Свејтлост од Хрватска се противниците на Куманово кои ја формираат групата А.
Дебито во меѓународното натпреварување, Куманово ќе го има на 16.октомври, кога Куманово во Спортската сала ќе се сретне со Морнар од Црна Гора.