Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово вчера го доживејаа првиот пораз од екипата на Лирија на гостински терен. Натпреварот на крајот заврши и со убедлива победа на Лирија со резултат 78:64.
Куманово речиси целиот меч немаше водство на овој натпревар. Осумнаесетте изгубени топки кои ги имаше екипата на Куманово се премногу за остварување на победа на овој меч. Само Александар Костовски беше расположен за игра постигнувајки 27 поени, а како втор најефикасен играч на мечот беше Луковиќ со 9 поена.
Кај домашната екипа, Тони Симиќ постигна 21 поен, Угриновски 20 поени и Диме Тасовски 10 поена.