Куманово гостува кај Морнар, Бар
20.11.2012 14:27
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово денеска ќе се обидат да ја продолжат одличната серија на резултати. Денеска гостуваат во Бар, каде ќе се сретнат со екипата на Морнар.

Црногорскиот претставник е без победа во натпреварувањето, но со сите противници одигра тесни и неизвесни натпревари.
Со победа, Куманово обезбедува сигурен пласман во Топ шест.
Натпреварот започнува во 18 часот.