Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера на гостински терен кошаркарите на Куманово беа совладани од екипата на Ѓуро Ѓаковиќ со резултат 77:84.
Иако загубија Кумановчани сепак обезбедија пласман за следната фаза на регионалното натпреварување благодарение на победата на домашен терен со 16 поени разлика.
Кумановци кои во својата група завршија како третопласирани со учинок од 4 победи и 4 порази, заедно со тимотвите на Галил Гилбоа и Левски продолжуваат во следната фаза во која ќе пренесат и четири бода благодарение на победите над израелскиот и бугарскиот тим пред својата публика.
На синоќешниот натпревар најдобар стрелец од екипата на Куманово беше Александар Костовски со 30 поени, Ивица Димчевски со 19 поени, а Урош Ликовиќ оствари дабл-дабл учинок со 10 поени и 11 скокови.
Вториот македонски претставник во БИБЛ-лигата, Кожув се збогува со ова натпреварување откако денеска неговиот директен конкурент, црногорски Теодо Тиват славеше победа на гостувањето против ОКК Београд со 75:74, па гевгеличани завршија на 4-место на табелата.