Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамки на Премиер лигата во Босна и Херцеговина, Стефан Петровски од велосипедскиот клуб “Вело - М“ го освои првото место кога патеката Сански мост од 80 км ја помина за два часа.
Во конкуренција на уште петмина велосипедисти Петровски убедливо победи. Тој се натпреваруваше во категорија У - 23, за екипата БСК од Бања Лука.
Втор беше Мујо Куртовиќ од Бихаќ, а третото место го освои Аднан Ризвиќ од Змај, Тузла.