Кумановските боксери со победа се вратија од Битола
15.05.2013 10:44
| KumanovoNews
Во второто коло од Македонската боксерска лига боксерите од Куманово однесоа победа.
Ибраим Мустафи кој во последен момент му се приклучи на тимот го победи својот противник од Охрид. Никола Димитриевски беше поуспешен од својот противник од Струга. Во екипата беше и дебитантот Авли кој исто така се врати со победа.
Третото коло од Македонската боксерска лига ќе се оддржи на 25 месецов во Тетово.