Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најпознатата светска обложувачница „Bet and win" прогнозира дека Кирил Лазаров ќе биде најдобриот стрелец на претстојното Светско првенство во Шпанија.
Коефициентот за Лазаров е најмал, изнесува 3.50, додека втор пик е Хрватот Иван Чупиќ со коефициент 4.
Данецот Микел Хансен и Исланѓанецот Валур Сигурдсон се наредните двајца ракометари на листата и тие имаат коефициент 8, а интересно е што и двајцата се членови на репрезентации кои се во групата со Македонија, што доволно говори за тежината на нашата група.
Нашиот Кирил Лазаров на СП 2009 година беше најдобар стрелец со 92 гола, а истото го стори и минатата година во Србија, на Европското првенство, кога постигна 61 погодок.