×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лејкерси без Пол Гасол

    07.02.2013 10:21 | KumanovoNews

    Тимот на Лос Анџелес лејкерс конечно успеа да влезе во победнички ритам, а сега се соочува со нов проблем откако Пол Гасол заработи незгодна повреда и ќе мора да отсуствува извесно време надвор од терените.

    Лејкерси без Пол Гасол

    „Езерџиите“ забележаа три победи во низа откако Гасол ја искористи повредата на Двајт Хауард и ја доби улогата на стартер од страна на тренерот Д’Ентони. Сепак, ситуацијата се искомпликува по неговата повреда на дуелот со Бруклин, кога тој остана да лежи на теренот и стана јасно дека станува збор за сериозен проблем.

    Деталните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за нималку наивна повреда. Ако замине на операција, паузата ќе изнесува три месеци и Гасол нема да може да се врати на терените до крајот на сезонава. Токму затоа „езерџиите“ инсистираат на негова рехабилитација без хируршки зафат, со надеж дека Шпанецот ќе го има својот камбек во финишот од регуларниот дел од сезоната, а потоа ќе биде максимално подготвен за плејофот.

    Сепак, вистинската битка допрва претстои бидејќи ЛА лејкерс сега се соочува со сериозен дефицит на високи кошаркари, ако се знае дека покрај Гасол повреден е и резервниот центар Џордан Хил, а со сериозни болки во рамото се соочува и Двајт Хауард.