×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лејкерси се вратија во игра

    06.02.2013 11:02 | KumanovoNews

    Иако ослабени со неиграњето на Двајт Хауард и Мета Ворлд Пис, кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс остварија исклучително значајна победа на гостувањето кај Бруклин Нетс со 83:92.

    Лејкерси се вратија во игра

    Да бидат проблемите поголеми, на четири минути пред крајот Пау Гасол го поведи стапалото и засега е неизвесно колкава ќе биде неговата пауза. Сепак, и во такви услови, одговорноста врз себе ја презеде Коби Брајант, особено во клучните моменти. Тој го заврши натпреварот со 21 поен и осум скока, но ќе останне запаметено неговото забивање преку Џералд Валас и Крис Хамфрис во финишот од мечот при резултат 80:80.

    Во втората четвртина Лејкерс имаа предност од 15 разлика, а на пауза заминаа со +9. Малиот фонд на играчи придонесе Нетс да се вратат во игра и да израмнат, па дури и да поведат со 83:82 на три минути пред крајот. Следуваше серија од 10:0 со која гостинските кошаркари го заклучија натпреварот и ја остварија шестата победа во последните седум натпревари.

    Освен Коби Брајант, расположен за игра кај Лејкерс беше Стив Неш со 17 поени, осум асистенции и четири скока, додека убедливо најефикасен на мечот беше Брук Лопез со 30 поени и 11 скока. За одбележување е и тоа што во јануари Лејкерс имаа 0-7 на гостувањата, додека февруари го почнаа со 3-0.

    Синоќешната програма ја одбележа тројкашкото лудило во Хјустон каде Рокитс го совладаа Голден Стејт со 140:109. Во последните три минути во Тојота центарот одекнуваше "уште една тројка", дотогаш домашните кошаркари погодија дури 23 удари од далечина и со тоа го израмнија рекордот на Орландо од пред четири години. Но таа една тројка за нов рекорд не беше постигната иако шутот од 23/40 е навистина импресивен.