Македонија игра против Данска
18.01.2013 12:04
| KumanovoNews
Македонските ракометари вечерва ќе се соочат со селекцијата на Данска.

Со оваа победа, Македонија ги зголемува шансите да ја избегне инпресивната Франција, светскиот и олимпискиот шампион кој се наметна како главен фаворит на оваа првенство. Во прилог ни оди и тоа што Данска во секој случај после овој натпревар ќе биде прва во групата, па се очекува најдобрите играчи во тимот да одморат и да избегнат некоја несакана повреда.
Мотив повеќе е минатогодишниот пораз од данците во последните секунди од натпреварот на минатогодишното првенство во Србија. Натпреварот започнува во 20:15.