Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Атлетичарот Милош Ранчиќ од атлетскиот клуб “Скок“ победи на ноќна трка која викендов се оддржа во Скопје.
Имаше голема конкуренција бидејќи учествуваа најдобрите атлетичари од Македонија. Јас сум првак на Македонија во младинска и сениорска категорија. Трката беше на 5.000 метри низ центарот на Скопје и се организира по повод 13 ноември, Ден на ослободување на градот. Од Куманово бевме само двајца учесници, а на второто и третото место се атлетичари од Скопје - рече Ранчиќ.
Ова дваесет годишно момче веќе три години се занимава со атлетика, и бележи учество на многу домашни и меѓународни натпревари.