Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младиот атлетичар од Куманово, Милош Ранчиќ за една седмица освои две први места, едното во Скопје, а второто во Тетово.
Ранчиќ во категорија сениори се покажа како најдобар и освои прво место на трката во Тетово која се организираше по повод денот на ослободувањето на градот.
Имаше атлетичари од цела Македонија, се трчаше низ центарот на Тетово. Трката ја организираше клубот „Тетово“ во соработка со локалната самоуправа во градот. За една недела имам освоено две медали. Куманово има доста добри атлетичари. Професионално планирам да се занимавам со овој спорт. Сакам да се заблагодарам на локалната самоуправа бидејќи изгради полигон во Соколана каде тренирам, а претходно трчав кај Спомен Костурница - вели Ранчиќ.
Тој се подготвува за крос трка во Скопје, односно квалификации за меѓународна трка.