Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод големиот верски празник Голема Богородица, утре во 10 часот ќе започне традиционалната трка со мотори кај манастирот Забел во Старо Нагоричане.
Пријавени се учесници од повеќе градови меѓу кои од Скопје, Богданци, Битола, Тетово и други. До 13 часот ќе бидат прогласени победниците.
Првенството во мотокрос го организира Општината, Мотоциклистичка Федерација на Македонија, МК СПБ Реисинг Куманово. Покровител на настанот е градоначалникот Миодраг Јовановиќ. Мотополигонот изграден од општина Старо Нагоричане е пуштен во употреба во 2008 година.