Нема казна за БК Фајтер
09.11.2012 10:00
| KumanovoNews
БК Фајтер иако не пристигна на закажаното коло во Тетово, сепак нема да биде казнет од страна на Федерацијата.
На состанокот кој е одржан во Боксерската федерација на Македонија е донесен заклучок дека кумановчани ненамерно одсуствувале оваа коло, поради неисправност на возилото, и затоа нема да им се одземат поени.
Денеска во Радовиш започнува Златен Гонг, каде нема претставници од Куманово. Николче Митевски неможе да настапи за репрезентацијата поради здравствени причини.