Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалскиот клуб на Партизан започнува нова европска есен против екипата на Нефчи од Азербеџан. Стартна победа би била голем чекор за подвиг во групата Х.
Партизан беше седум пати во групната фаза на европските натпреварувања, но само еднаш успеа да ја пројде фазата - тогаш кога на клупата беше сегашниот тренер Владимир Вермезовиќ. Сите во клубот би сакале историјата да се повтори.
Сите не потценуваат, и очекуваат Интер и Рубин да изборат пласман, но ќе покажеме дека и ние и Нефчи знаеме да играме - изјави Вермезовиќ.
Скаутингот покажува дека белградскиот состав е фаворит на хартија, меѓутоа азербеџанците имаат доста странци во тимот што можат да направат разлика.
Дуелот помеѓу Партизан - Нефчи започнува во 21 часот.