Почетници ќе скокат со падобран
09.11.2012 15:15
| KumanovoNews
Младите, кои следат курс за падобранство во Аеро клубот “Доне Божинов“, викендов на аеродромот Аџитепе ќе скокаат со падобран.

- Имаме група од осум луѓе кои го поминаа теоретскиот дел, утре одат на лекарски преглед и во сабота, недела ќе направат по два - три скока со падобран. Важно ни е и времето да ни се погоди. И покрај се Аеро клубот прави обука за падобран на тип крило се со цел да има масовност и да заживее падобранството - рече Љубиша Младеновски, наставник по падобранство и управник волонтер во клубот.