Познати стартните петорки за Ол-старот во Хјустон
После гласањето на интернет, одберени се стартните петорки кои ќе се натпреваруваат на 17.февруари во Хјустон.

Екипата на источната конференција ја предводи Леброн Џејмс со најмногу гласови, а петорката ја комлетираат Кармело Ентони, Двен Вејд, Кевин Гарнет и Ражон Рондо.
Тандемите од двете екипи од Лос Анџелес и Кевин Дурант ја сочинуваат екипата од западната конференција. Коби Брајант, Двајт Хауард, Блејк Грифин и Крис Пол се играчите кои ќе играат од страна на западот покрај Дурант.
езервните состави, уште по седум играчи, ќе ги одберат тренерите на двете конференции во четврток. Ол-стар викендот на програмата е од 15. до 17.февруари во Хјустон.