Раднички Крагујевац славеше на турнирот во Куманово
17.09.2012 07:12
| KumanovoNews
Екипата на Раднички Крагујевац го освои турнирот „Куманово 2012“. Тие во финалето беа подобри од Војводина, совладувајки ја со резултат 87-72.

Во дуелот за трето место, Куманово беше поуспешен од големиот конкурент Работнички со резултат 76-63.