Рафаел Надал го крена на нозе Виња дел Мар
07.02.2013 10:18
| KumanovoNews
Рафаел Надал го крена на нозе монденското летувалиште во Чиле.

Учеството на шпанскиот тенисер на турнирот што се организира во градот на бреговите на Пацификот предизвика огромен интерес. Организаторите порано имаа проблем со продажбата на билетите, а со доаѓањето на Надал, ситуацијата е поинаква. Трибините се исполнети до последно место и сите сакаа да го видат кам-бекот на „шпанската фурија“. Надал возврати со одлична игра и во првиот сингл-меч по пауза од 7 месеци, го победи Федерико Делбонис со 6-3, 6-2.