Ракометарите го играат заостанатиот натпревар против Битола
07.11.2012 11:43
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово утре во 18:30 го играат заостанатиот натпревар против Ракометниот клуб Битола.

Моментално РК Куманово се наоѓа на четвртата позиција но со победа против послабата екипа од Битола, има реални шанси за искачување на втората позиција каде ќе има сличен скор со екипата на Тинекс Пролет.
РК Битола се наоѓа на шесттата позиција со девет бода, односно три победи и пет порази.