Ракометарите убедливи на стартот на првенството
16.09.2012 17:58
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово денска во Спортската сала во Куманово убедливо ја совладаа екипата на Преспа со резултат 42 - 23.

Ракометарите доминираа на мечот и беа супериорни во однос на гостинската екипа. Резултатот на полувреме беше 20-11, и уште тогаш беше познат противникот, само се чекаше да биде поставен конечниот резултат.
Следниот натпревар ракометарите на Куманово го играат во Битола против екипата на Пелистер 08.