Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женската екипа на ракометниот клуб Куманово на почетокот на февруари по вторпат ќе настапи во ракометните еврокупови и повторно во Челинџ купот.
Кумановчанки се наоѓаат во првиот „шешир“ заедно се екипите на:
Самобор (Хрватска), Сокол Пишек (Чешка), Мио Бигано (Франција), Амстердам (Холандија), Политехника (Полска), Ускудар (Турција) и Спартак Киев (Украина).
Потенцијални ривали на ЖРК КУманово се: Баку (Азербејџан), Зрински (Мостар), Баник Мост (Чешка), Ним (Франција), Артас (Грција), Килце (Полска), Нова Пазова (Србија) и Хор (Шведска).
Извлекувањето на двојките се одржа завчера во седиштето на ЕХФ во Виена и за прв противник кумановчанки го добија Зрински (Мостар).
Термини за одигрување на натпреварите се 2-3.февруари 2013 (прв натпревар) и 9-10.февруари 2013 (реванш).