Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите фудбалски фанови може да ја започнат новата сезона од најпрестижното европско фудбалско натпреварување - УЕФА Лигата на Шампиони со натпреварите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити на 18-ти и Челси и Јувентус на 19-ти септември.
Македонски Телеком за сите обожаватели на добриот фудбал, овозможи највозбудливите натпревари на почетокот на новата сезона да се следат на огромен екран на Плоштадот Македонија. Со почеток од 20:45 часот, сите присутни на плоштадот ќе имаат можност да уживаат во шампионските натпревари во жешка навивачка атмосфера.
Најдобриот фудбал е подостапен од кога било за сите корисници на MaxTV и тоа со вкупно 210 натпревари од двете лиги и за прв пат со паралелно следење на четири натпревари истовремено. УЕФА Лигата на Шампиони и УЕФА Лига Европа ќе бидат промотивно достапни за сите корисници на MaxTV до крајот на септември. Најпрестижниот европски фудбал може да се следи каде и да сте во кое било време преку MаxTV на интернет преку www.web.maxtv.mk или на вашиот мобилен телефон преку www.t-mobile.mk/tv.