×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рожер Федерер го сруши рекордот на Сампрас

    16.07.2012 06:39 | KumanovoNews

    Федерер го сруши рекордот на легендарниот Американец Пит Сампрас во неделите поминати на врвот на АТП листата.

    Рожер Федерер го сруши рекордот на Сампрас

    Од денес, Швајцарецот ја започнува својата 287-ма седмица на првото место на листата на најдобрите тенисери со што го прескокна Сампрас на вечната листа кој долго го држеше овој рекорд со 286 недели поминати на тронот.

    Моментално Федерер има 11.075 бодови, на втората позиција е Ѓоковиќ со 75 помалку, а на третото место е Надал со 8905 поени.

    Премногу сум среќен со тоа каде оди мојата кариера во моментов и поради тоа знам дека можам да освојувам уште титули-изјави Федерер кој во август ќе наполни 31 година.

    Тој минатата година од јануари до август го имаше можеби најслабиот период во својата кариера и поради тоа падна на третата позиција, но кон крајот на 2011 со освојувањето на неколку силни турнири најави дека од него може да се очекува да се врати на самиот врв.

    Неговите конкуренти Надал и Ѓоковиќ оваа сезона имаа многу бодови за бранење, Рожер го искористи тоа вешто и со победата на “Вимблдон” пред две седмици повторно се врати на местото кое му припаѓа. Федерер за прв пат ја зазеде првата позиција во февруари 2004 и ја држеше во свој посед се до август 2009 година, потоа повторно ја врати во јули 2009 година за во јуни 2010 година да му ја препушти на Надал.

    Федерер од “УС Опен” па наваму има скор од 63 победи и 6 порази, од кои 17-0 на крајот на минатата сезона и 46-6 од јануари па се до “Вимблдон”.

    Тој тврди дека неговата самодоверба се вратила откако го освои завршниот турнир во Лондон каде учсествуваа најдобрите осум тенисери во 2011.

    Негов следен предизвик се Олимписките игри во Лондон каде ќе проба да му го одзеде златниот медал на Шпанецот Рафаел Надал кој пред четири години во Пекинг на тенискиот турнир го освои најсјајното олимписко одличје.