×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стартува 20-то издание на Лигата на шампионите

    18.09.2012 11:10 | KumanovoNews

    Најпрестижното фудбалско натпреварување стартува вечерва, а во него ќе нема ниту еден македонски играч.

    Стартува 20-то издание на Лигата на шампионите

    За разлика од претходните три години, кога Македонија имаше и по два фудбалери во елитата, пред две години и освојувач во Горан Пандев, а лани и четвртфиналист во Иван Тричковски, сезонава ќе мине без Македонец. Единствен кој се избори за шанса беше Горан Попов со Динамо Киев, но левиот бек на самиот крај на преодниот рок направи трансфер и со тоа ја остави ЛШ без наш учесник. Досега во историјата на ЛШ, реформирана во 1993 година од Купот на Европските шампиони, играле девет Македонци.

    Прв Тони Савевски, членот на златната вардарова генерација од 1987 година, кој со атински АЕК настапи во сезоната 1994/95. По него следуваа Гоце Седлоски, Миле Крстев, Игор Митрески, Милан Стојановски, Горан Пандев, Бобан Грнчаров, Александар Лазевски и Иван Тричковски. Од сите овие, најмногу настапи има очекувано Пандев и тоа со три тима, Лацио, Интер (освојувач) и Наполи. Сезонава најдобриот македонски ас нема да биде дел од елитата поради послабиот пласман со наполитанците во минатата сезона и пласманот на петтото место во Серија А. Втор со најмногу настапи е Седлоски со два настапи во ЛШ, и двата со Динамо Загреб.

    Кога станува збор за клубовите, настапот на Вардар пред девет години, кога за еден гол ги делеше црвено-црните од место во елитата, останува најдобриот настап на еден македонски клуб во квалификациите.