Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Социјалдемократската младина на Македонија вечерва организира хуманитарен турнир во Стрит бол. Турнирот ќе се одржи на спортските терни кај т.н. Кошеви во населбата Гоце Делчев.
Натпреварувањата ќе започнат во 17 часот, а ќе продолжат утре. Ќе се натпреваруваат 20 екипи, кои ќе донираат по 400 денари за семејство кое има дете со здравствени проблеми. На овој начин сакаме да ги потикнеме и останатите млади во градот да се посветат на спортот и на хуманоста- вели претседателот на СДММ Куманово, Младен Давидовиќ.
Тој ги повикува младите од градот и сите граѓани да дојдат да навививаат за натпреварувачите, а воедно да уживаат во оваа хуманитарно-спортска манифестација.