Тешка недела за КК Куманово
13.11.2012 11:30
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре во 19 часот ја пречекуваат екипата на Левски од Софија.

По победите над Морнар и Ѓуро Ѓаковиќ, екипата од Бугарија е најголем тест за Куманово кое нема досега пораз на домашен терен. Овој натпревар се игра во рамките на БИБЛ Лигата, а за викенд во Спортската сала во Куманово пристигнува Фени Индустри па така кошаркарите имаат тешка недела пред себе.