Турнирот “Слога 2012 “ почнува во понеделник
13.07.2012 10:44
| KumanovoNews
Традиционалниот летен турнир во мал фудбал “Слога 2012“ почнува на 16 месецов во село Умин Дол.

Натпреварите ќе се играат ноќе на осветленото игралиште на сред село. За учество се пријавени околу 16 екипи. Дел од екипите се од Куманово, а дел од Скопје. За најдобите екипи ќе има парични награди, пехари и медаљи.
Турнирот “Слога 2012 “ се организира повеќе од десет години. Победникот ќе се знае до 1 август, рок до кога е предвидено да заврши турнирот.