“Вело - М“ освои четврто место на Косово
17.08.2012 10:15
| KumanovoNews
На меѓународниот натпревар на Косово, кумановскиот клуб “Вело - М“ екипно се пласираше на четврто место. На натпреварот учествуваа екипи од Албанија, Косово, Македонија, Холандија и Германија.

Рутата беше низ цело Косово. Првата стаза беше со должина од 150 км, втората стаза беше 88 км, третата 90 км и четвртата стаза имаше 115 км. Во последната четврта стаза Стефан Петровски беше победник - велат од “Вело - М“.
На 8 септември кумановските велосипедисти ќе се натпреваруваат на шампионатот на Македонија во Прилеп.