×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За општинските спортови одвоени 18 милиони денари

    04.02.2013 15:07 | KumanovoNews

     Општинскиот сојуз на спортови годинава ќе потроши 18 милиони денари за што согласност дадоа и советниците од Советот на Општина Куманово.

    За општинските спортови одвоени 18 милиони денари

    Најголем дел од парите ќе се потрошат за врвниот спорт, односно на клубови кои се натпреваруваат во лига системи.

    Потоа следуваат и останатите клубови кои се натпреваруваат во турнирски и куп системи. Еден дел од парите ќе бидат потрошени за клубови кои се занимаваат со рекреативни натпревари како што се на пример “Динамик“, Спортско рекреативен клуб “Козјак“, “ Риболовно друштво “Пчиња“ и други. Одвоени се пари за турнири и спортски манифестации од традиционален, меѓународен карактер, турнири од посебен национален и општински интерес. Тука се мисли на оние турнири по повод Ден на државноста, ослободување на Куманово, 11 Октомври и слично. Средства се планирани во домен на рекреативна активност  на граѓани “Спорт за сите“, каде се вклучуваат не само спортисти, туку и граѓани - изјави Драган Божиновски, секретар на Општински сојуз на спорт.

    Пари ќе има и за масовниот спорт каде спаѓа и училишниот спорт. За разлика од лани кога беа одвоени 12 милиони денари за општинските спортови, за 2013 година сумата е зголемена за плус 6 милиони денари.